Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ја загрозува европската иднина на Македонија, го злоупотребува европското знаменце за туркање закони

Ковачевски ја загрозува европската иднина на Македонија, го злоупотребува европското знаменце за туркање закони што немаат врска со ЕУ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Амбасадорот Гир кажа дека употребата на европско знаменце за туркање на законските измени за потребите на договорот со ‘Бехтел и Енка’ не е работа која има врска со европската интеграција. Ковачевски свесен дека го злоупотребува европското знаменце турка закони и кои се во спротивност со уставот, а за кои веќе Уставниот суд има донесено одлука, како што е 60 часовната работна недела.

Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, а со тоа директно и штети на Унијата и нејзиниот углед во Македонија. Ковачевски со неговите криминални политики влијае на падот на расположението кај граѓаните за членство во ЕУ. Ковачевски е кочничар на евроинтеграцијата на државата, а на истата гледа само низ призма на злоупотреба со цел остварување на лични агенди.

Ковачевски ниту е за ЕУ, ниту е за граѓаните, туку за себе и за криминалната клика околу него“, порачаа од опозициската партија.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ НА СОСТАНОК СО ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ – Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – УХМР предупредува на обилни дождови во текот на ноќта

ДЕСК

ТЕПАЧКА МЕЃУ ЧЕТВОРИЦА ВО КРУШЕВСКО СЕЛО – Нарушен јавниот ред и мир, следуваат поднесоци

ДЕСК