11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казни за 189 возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.5.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за непрописно престројување, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.