Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

189 сообраќајни прекршоци во Скопје, 52 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за непрописно престројување, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК