Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Силна поддршка од САД за европскиот пат, само Мицкоски и Апсиев се против ЕУ

Соопштение на СДСМ:

Нашата држава добива силна поддршка од најважниот и најголемиот сојузник САД, што беше потврдено и за време на посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

За нас како држава, особено важна е пораката дека САД силно ќе ја поддржат нашата европска иднина, реформите и чекорите за полноправно членство во ЕУ, порака од американскиот државен врв што доаѓа во период кога успешно тече скрининг процесот а потребни се чекори во Собранието за продолжување на преговорите со ЕУ.

И додека поддршката за продолжување на европскиот пат доаѓа од најважните стратешки партнери и сојузници, дома, на македонската политичка сцена против ЕУ се само Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица се единствените против влез во ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.

Мицкоски, се натпреварува со Апасиев, чиј што заложник е, како да го закочи патот кон ЕУ, а меѓусебно се натпреваруваат кој поголема штета ќе предизвика на државата и идните генерации.

СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи и заедно со граѓаните, со сите проевропски сили ќе ги направиме сите потребни реформи, за да продолжиме по европскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК