3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

204 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.