Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Мадиќ: Опозицијата две недели не одредува Комисија во која ќе се разгледува Договорот со „Бехтел-Енка“

Законските измени за побрза реализација на Договорот со Бехтел-Енка произлегуваат од специјалниот закон усвоен пред две години во Собранието, информира заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во ТВ24. Таа истакна дека сите граѓани очекуваат коридорите да бидат изгради квалитетно и тоа што поскоро.

-Во моментов законската рамка не дозволува некои процеси да бидат пократки. Европското знаменце е затоа што инфраструктурните проекти во Северна Македонија треба да бидат еден дел од оној процес што ние пристапуваме кон ЕУ, кажа Мадиќ.

Таа потсети дека опозицијата блокира клучни закони.

-Треба нешто да се направи за да тргнат процесите, не може опозицијата да чекаме цело време нешто да блокира, истакна Мадиќ, додавајќи дека опозицијата две недели не одредува собраниска Комисија во која ќе биде разгледан Договорот со американско-турскиот конзорциум.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ за извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

ДЕСК

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

ДЕСК