Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мадиќ: Очекувам Советот на Европа да изнајде начин за Бугарија да ги реализира пресудите од судот во Стразбур

Министерот за правда испрати писма до САД, Европската унија, ОБСЕ и Советот на Европа во однос на почитувањето на Бугарија на пресудите од Европскиот суд за човекови права, кажа заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во гостувањето во ТВ24.

-Најбитно е Советот на Европа да помогне една европска земја да ги почитува пресудите на ЕСЧП. Советот на Европа се надевам ќе најде начин како една земја-членка да ги спроведе пресудите во надлежните институции. Министерството за правда има заложба да се помогне што побрзо овие пресуди да имаат разрешница во институциите, кажа Мадиќ.

Таа додаде дека писмата се испратени од министерот, а иницијативата следува по средбата на Кренар Лога со претставници на здруженијата на Македонци во Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ за извештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

ДЕСК

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи

ДЕСК