Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Акциска контрола во тетовско: Приведени три странски државјанки

Во периодот од 23.35 часот на 10.05. до 01.35 часот на 11.05.2023, полициски службеници од СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државен трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во тетовско Горно Седларце и тетовско Жеровјане. Во објектот во Горно Седларце, сопственост на А.А.(32) од тетовско Боговиње, биле затекнати Д.Р.(31) од Република Албанија и А.П.(38) од Белорусија, а во објекот во Жеровјане, сопственост на Х.А.(33) од Боговиње, 32-годишната К.В.С. од Русија.

Трите странски државјанки се приведени поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, по што се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК