6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Костовски: Коридорот 8 влегува во мрежата главни европски коридори, неговата изградба е национален интерес

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник:

Изградбата на коридорите 8 и 10Д е од стратешки национален интерес, проект на лија реализација се чекаше повеќе од три децении.

За изградбата на делниците од коридорите да чини поевтино и да заврши побрзо, предвидени се измени и дополнувања на пет закони кои веќе се наоаѓаат во соодветна собраниска процедура.

Со носењето на измените и дополнувањата, државата ќе заштеди 150 милиони евра, а изградбата ќе заврши во предвидениот рок, наместо рокот да се пролонгира дополнително.

Коридорот 8 влегува во мрежата на главни европски коридори, додека со коридорот 10Д подобро го поврзуваме југозападниот дел со централниот дел и со главниот град на државата.

Со нивната изградба, државата станува вистинска крстосница на Балканот, а стопанството ќе добие подобро поврзување со уште две пристаништа.

Изградбата на коридорите освен подобро поврзување внатре и надвор, со себе носи и економски придобивки, преку раст на два отсто годишно на БДП, нови 8.000 работни места и најмалку 600 милиони евра директно во домашните компании.

Блокадите на овој национален проект од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица мора да бидат поразени.