10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Припаѓаме на Европа, да напредуваме и да ги живееме европските вредности

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се обрати на денешната владина свечена церемонија, по повод одбележувањето на 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, на која рече треба да државата да остане на европскиот пат, „да создаваме, напредуваме, да прифаќаме европски стандарди и да ги живееме европските вредности.
-Европа припаѓа на регионот и регионот припаѓа на Европа. Наше е да останеме на овој пат, да ја реализираме идејата на нашите предци и да им ја пренесеме на нашите потомци. Да создаваме, напредуваме, да прифаќаме европски стандарди и да ги живееме европските вредности. Европа припаѓа на регионот и регионот припаѓа на Европа, порача Маричиќ.
Вицепремиерот ги поздрави присутните и им го честита Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, со барање за обединување околу вистинските европски вредности, како единствен предуслов за иднината.
-Историјата нè потсетува дека европскиот проект е создаден во тешки околности, после пустошот кој го остави војната во Европа, благодарение на основачите кои биле убедени дека соработката е подобра од конфликтот, дека компромисите се сила, а не слабост и дека помирувањето е влог во иднината, кажа Маричиќ.
Според него денеска „гордо се сеќаваме на македонската антифашистичка историја и антифашистичката борба, како една од најголемите вредности на Северна Македонија, која како што кажа Маричиќ „нè обврзува на останеме на страната на европските и вистински вредности, негувајќи ја слободата, толеранцијата, демократијата и дијалогот“.
-Тоа нè држи во блиски односи со нашите европски партнери и стратешки сојузници, со кои заедно прославуваме и потврдуваме дека европскиот пат на Северна Македонија е најдобриот начин за зачувување на оние вредности кои секогаш нè ставале на страната на правдата и победата, укажа Маричиќ.
Тој додаде дека „досегашните успеси јасно покажуваат дека нашата земја е на вистинскиот пат, на патот на демократските реформи, економската стабилност и европската иднина и дека тоа го бараат граѓаните.
Оваа година го одбележуваме Денот на Европа како земја која преговара со ЕУ, а според вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ дека имаме добра основа и право да сме мотивирани за да продолжиме понатаму, а како што рече Маричиќ „со надминување на предизвиците, даваме шанса 2030 да биде реалност за Северна Македонија“.
На свечената програма, која се одржа на платото на Владата, свои обраќања по повод 9-ти Мај имаа првиот вицепремиер, Артан Груби, потпретседателот на Сојузот на Борците Наум Буревски, евроамбасадорот, Дејвид Гир и вршителот на должност на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Ерик Мајер.
Во рамките
на денешниот настан вицепремиерот за европски прашања Маричиќ положи цвеќе на Партизанските гробишта и пред споменикот на Ослободителите на Скопје.

Спонзорирано: