24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Молкот на Ковачевски и бегањето од дебата е потврда на штетите во договорот

Министер задолжен за евроинтеграции признава дека го крши и злоупотребува европското знаменце. Штетни противуставни закони протнуваат како реформски е европски! Има ли поголем парадокс за бандитизмот на оваа Влада? Спремни се да кршат закони, да злоупотребуваат знаменца, за да туркаат криминал, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Затоа, додава тој, Ковачевски бега од дебата и се крие по две покани за ТВ-дуел од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Двапати лидерот Мицкоски го повика Ковачевски јавно да дебатираат за договорот за градба на делови од коридорот 8 и коридорот 10 д, со кој Македонија јасно се става во подредена позиција. Да не е така, Ковачевски би прифатил! Молкот не е одговор! Молкот на Ковачевски и бегањето од дебата е потврда на штетите внатре во договорот. Потврда дека Ковачевски прифатил да плаќа стотици милиони евра за аванси и пенали на приватна компанија што ја договори без тендер и во 4 очи, прифатил работници да работат повеќе часови за да се полнат џебовите на надзорот, легалните и дивите објекти исто и еднакво да се обесштетуваат“, додава тој.

Прифатил, како што вели, законите од правниот систем по кој тој работи да се суспендираат.

„Димитар Ковачевски, излези од глувчешката дупка и јавно соочи ги фактите за штетниот договор. Излези, Ковачевски, од кукавичиното гнездо на телевизиски дуел со Христијан Мицкоски! Доколку Ковачевски не знае што да каже пред фактите, Мицкоски му понуди и опција – нека го земе со себе и вистинскиот премиер Али Ахмети, нека ги земе сите министри на кои Груби ќе им дозволи да зборуваат, само нека се појават пред јавноста на дуел. Христијан Мицкоски ќе дојде сам да ги соочи со фактите. Важно е Ковачевски да се појави на дебата за да види народот кој што крие и кој е во право, за да види целата јавност како се краде Македонија и каков срам и тешка судбина им носат на сите во Македонија“, потенцира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.