25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Талески: Законските измени за автопатиштата се за да чинат поевтино и да се реализираат побрзо

Факт е дека ВМРО-ДПМЕ е влезен во процес да го блокира најголемиот инфраструктурен проект, кој треба да го реализира државата за изградба на коридорите 8 и 10Д, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Талевски потсети дека специјалниот закон, во кој се опфатени сите точки, кои сега се преточуваат во законите, е донесен во јули 2021 година, кога на седница на комисијата за финансирање и буџет, ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не се пријави за дискусија.

Само тројца пратеници од сите политички партии се пријавиле за дискусија, а тоа покжаува дека овој закон имал општ консензус од сите политички партии, истакна Талески, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ мислеле дека нема да се реализира изградбата на ваков голем капитален инфраструктурен прокет.

Во врска со вредноста на проектот, Талески рече дека проценката е дека ќе чини 1,3 милијарди евра, а ако не се променат законите, проектот би траел многу повеќе и би коштал многу повеќе.

Најголема лага е дека ќе има пенали, пенали нема да има, продолжувањето на времето за реализација на овој проект, кој што го гради една од најренимираните компании во светот, америкаската компанија Бехтел, во конзорциум со турската компанија Енка, ќе чини повеќе и изградбата ќе трае подолго, нагласи Талески.

Пратеникот Талески нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има најмалку образ и лице да зборува за криминал, познато е како ги граделе патишата и каква дисторзија имале на средствата кога ги граделе и Штип – Миладиновци и Кичево – Охрид.

Наша цел како пратеници и политичари е да ги поштедиме граѓаните од време и од екстра трошоци. Ние од парламентарното мнозинство на СДСМ, нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да не држи во заложништво. Овие закони мора да се изгласаат за автопатиштата да чинат поевтино и да се реализираат побрзо, порача пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.