Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Седница на работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот

Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот одржа седница на која се дискутираше за Деловникот, методологијата и начинот на работа. Средбите ќе се интензивираат во наредниот период.

Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира работната група . Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

На работната група не и е даден рок за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот.
Работната група ќе продолжи со работа во четврток.

Можеби ќе ве интересира

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК