Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Законски измени со европско знаменце за коридорите и за проекти од ЕУ

Соопштение на СДСМ
Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.

На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10Д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично.

Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.

Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д, како најголем инфраструктурен проект од осамостојувањето досега.

Изградбата на коридорите, носи економски придобивки за домашните компании, отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно.

Можеби ќе ве интересира

Скопје утрово пак е покриено со магла, денес променливо облачно време со сончеви периоди

C +

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК