Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Министерство за култура: Една приказна, а повеќе генeрации, стихови за Денот на македонскиот јазик

Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина “, „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“, „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“, „Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората “,„Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме! “, „Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“, „Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме“, како и „За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“.

Свечена беше вечерта над македонското небо, достојна за 5 Мај- Денот на македонскиот јазик, кога со цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, гордо и моќно беа испишани преку видеопроекции на повеќе објекти во државата.

Стиховите на Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов,Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова, се една приказна поврзува повеќе генарации дејци и писатели преку чии мисли и стихови се гради слика на македонската историја.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК