Centar.mk
вестКУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Инспекторатот за македонски јазик не е за казни, туку за зголемена употребата на јазикот

„Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик новина е инспекторатот. Тој не треба да се сфаќа како нов вид на полиција или казнена политика. Тоа е механизам што ни е потребен, за да се реагира и унпареди употребата на јазикот, да не се реагира само на социјалните мрежи“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојечвска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека инспекторатот прво ќе предупредува, а ако не се сфаќат сериозно предупредувањата тогаш ќе се постапува по нив.

„Зборуваме за уредување и унапредување на користењето на македонскиот јазик и кирилското писмо. Секаде каде што ќе биде забележана неправилна употреба на јазикот, ќе се предупреди и санцкионира“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката истакна дека тоа не е новонастаната ситуација, туку механизам плус за санкционирање и уредување на јазикот.

Можеби ќе ве интересира

Близу осумдесет ученици на средба со Стојан Тарапуза во „Матица“: книжарницата како простор за поезија, прашања и радост од читањето

ДЕСК

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

ДЕСК

Излезе од печат нова книга по повод дваесетгодишнината од независноста на Црна Гора

ДЕСК