„Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик новина е инспекторатот. Тој не треба да се сфаќа како нов вид на полиција или казнена политика. Тоа е механизам што ни е потребен, за да се реагира и унпареди употребата на јазикот, да не се реагира само на социјалните мрежи“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојечвска во „24 анализа“ на ТВ24.
Таа додаде дека инспекторатот прво ќе предупредува, а ако не се сфаќат сериозно предупредувањата тогаш ќе се постапува по нив.
„Зборуваме за уредување и унапредување на користењето на македонскиот јазик и кирилското писмо. Секаде каде што ќе биде забележана неправилна употреба на јазикот, ќе се предупреди и санцкионира“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката истакна дека тоа не е новонастаната ситуација, туку механизам плус за санкционирање и уредување на јазикот.