Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: СДСМ нема да дозволи граѓаните да платат 150 милиони евра заради блокадите на ДПМНЕ и Левица

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат хајка против коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел.

Со денови ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега од партијата на Христијан Мицкоски со денови молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува.

Левица и ВМРО-ДПМНЕ постојано пласираат лажни вести за цената на проектот, како и за законските измени кои се предвидени за негова реализација.

Тоа покажува едно, дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да го блокира стратешкиот и воедно најголем проект во инфраструктурата, за изградба на 110 километри автопатски делници на коридорите 8 и 10Д.

Со заокружувањето на овие коридори, кои се на мапата на ЕУ, нашата земја ќе прерасне во патна крстосница на Балканот што отвора нови потенцијали за економијата и нови и добро платени работни места за граѓаните.

СДСМ нема да дозволи граѓаните да платат 150 милиони евра заради блокадите на ДПМНЕ и Левица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +