Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Ново намалување на цените на горивата во Македонија

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

Скоро 87% од нафтените деривати минатата година во Македонија биле увезени од Грција

C +

ЕВН Македонија дел од Самитот Македонија2025

C +

Престанете да пишувате белешки и преземете ја контролата: Како состаноците од еден час да ги претворите во записи од 30 секунди

C +