Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

СДСМ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица чинат 150 милиони евра, нема да дозволиме хаос со коридорите

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ, партијата позната по провизиите и промашени проекти за автопати заедно со проруската Левица водат хајка против делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел.

Реализацијата на најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра, покрај унапредување на безбедноста во сообраќајот, ќе обезбеди најмалку 600 милиони евра за домашните компании, пристап до две нови пристаништа Драч и Бургас, раст на БДП.

Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура, се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги чини граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубено време.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, презема се за да ги надмине блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и овој проект за изградба на паневропските коридори да биде завршен и побрзо и поевтино.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК