Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит

Владата на денешната седница ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит.

Со овој чекор се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.

Во рамките на постапката, известителите на Венецијанската комисија ќе остварат средби со претставници на релевантните институции, парламентарните политички партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.

Предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје и на усниот дел во Министерството за правда.

Предложениот модел предвидува единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди.

Венецијанската комисија, советодавно тело на Советот на Европа во кое се застапени 61 држава членка, ќе обезбеди независна меѓународна експертска перспектива во оценувањето на предложеното законско решение.

Нашата определба е јасна: законите да се темелат на Уставот, правото и европските стандарди, а решенијата да произлегуваат од правни аргументи и стручна анализа.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра, вториот ребаланс е доказ за економскиот неуспех на власта

ДЕСК

Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

ДЕСК

МУ ЗЕЛ 400 ЕВРА ЗА ДА МУ СРЕДИ ТУЃА НЕГА – 74-годишен маж пријавил измама

ДЕСК