Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притворен сериски крадец по домови во Гостивар и Тетово

Едно лице кое се сомничи за серија кражби во куќи, вчера попладне било лишено од слобода и со пријава изведено пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар. На З. С. (47) од гостиварско Чегране, синоќа му е определен осумдневен притвор.

Според информацијата на СВР Тетово, тој вчера попладне е лишен од слобода од полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар.

– З.С. се сомничи за извршени вкупно 12 кражби и тешки кражби годинава на подрачјето на Гостивар и Тетово. Најголемиот број од кражбите ги извршил во приватни куќи, наведуваат од СВР Тетово.

Чегранецот З.С. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” за издржување на мерката притвор.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +