20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Јавниот превоз денес со изменети траси поради улична трка

Поради одржување на уличната трка „Халк – Еко Скопје трча 10 км“ во периодот од 8 до 11:30 часот, денес линиите 2 , 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје.

Линии 2, 4, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60
– во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол” ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса
– во обратна насока, сите ќе сообраќаат по вообичаената траса

Линија 8
– од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка
– во обратна насока, се до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса

Линии 7, 15, 15А, 19 и 59
– во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса
– во обратна насока, сите ќе сообраќаат по вообичаената траса

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15
Линиите 15, 15А и 19 во Карпош, за терминал ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59

Спонзорирано: