Centar.mk
вестКУЛТУРАМАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција оптимисти дека слободно ќе си зборуваат на својот јазик и веќе нема да имаат проблеми

„Македонците тука во догледно време ќе можат целосно слободно да си зборуваат на својот јазик и дека веќе нема имаат проблеми. Верувам дека ќе можат. Ама…сака борба“ вели Слободан Манѕов, односно Лефтерис Манѕас, еден од потписниците на основачкиот акт за Центарот за македонски јазик во Лерин во изјава за серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“ на порталот „Рацин.мк“.

Тој додава дека прават се за да можат македонците во Грција и младината, која не може да го изучува македонскиот јазик во училиштата, преку интернет слободно да го изучува јазикот.

„И не само тоа, велиме државата да преземе мерки (македонскиот јазик) да се учи во училиштата, во средното и на факултетите“ вели Манѕов, односно Лефтерис Манѕас.

Според него многу од младите не го знаат јазикот, но токму поради тоа е формиран Центарот за македонски јазик.

„Ние им велиме да си го учат јазикот колку што можат преку Центарот за македонски јазик, ама и домашните да им зборуваат, мајките татковците, на македонски, за да го учат јазикот подобро“ вели Манѕов.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ГОЛЕМА НАГРАДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ – „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски освои Гран при во Токио

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК