Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Бочварски: Коридорите 8 и 10 се одлична можност македонските компании да се вклучат и да преземат дел од знаењето на „Бехтел и Енка“

„Ќе ми биде мило што повеќе македонски компани да влезат, разговараат и да се најдат на терен, да сработат на коридорите 8 и 10. Имаме сериозна градежна оператива која може да работи рамо до рамо со големите компании, а преку овој проект ќе добијат ново знаење и тоа ќе може да го пренесат во иднина“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Утрински печат“.

Тој додаде дека градежната комора е подготвена и сака да се вклучи, а во кој обем и капацитет ќе одлучат сами.

„Ова е шанса да се вклучат и да преземат дел од знаењето. Ќе се отворат нови можности за компаниите, инженерите, но и градежниот факултет, каде студентите ќе можат практично да видат како се вршат градежни работи од еден од најголемите конзорциуми“ рече Бочварски.

Министерот рече дека во Косово над 70 отсто од ресурсите биле домашни, бидејќи пазарот тоа го понудил и порача дека ние треба да целиме на 70 до 80 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +