Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден маж по удар од „пежо“, возачот побегнал

Вчера, околу 2 часот, во Полициската станица Берово било пријавено дека на локалниот пат за с. Двориште, Беровско, патничко моторно возило „пежо 206“, со беровски регистарски ознаки, управувано од Д. Т. (58) од с. Двориште, удрило во Ќ. Р. (40) од с. Смиланци, Радовишко.

Добивај вести на вибер
По ударот, лицето го напуштило местото на настанот, но подоцна возачот бил пронајден.

Во несреќата тешки телесни повреди добил Ќ. Р., констатирани од лекар во Медицинскиот центар во Струмица.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово.

Можеби ќе ве интересира

МИСТЕРИОЗЕН ПРОНАЈДОК ВО КРУШЕВО – Пронајдена коска што наликува на дел од човечки череп

ДЕСК

СИЛНИОТ ВЕТЕР ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР НА БАНДЕРА ВО БИТОЛА – Интервенирале пожарникари

ДЕСК

ДВЕ ПРИЈАВИ ЗА НАПАДИ ВРЗ УЧЕНИЦИ ВО БИТОЛА – Родители алармирале во полиција

ДЕСК