5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Грковска – Шантц: Младинските политики и јакнењето на интегритетот се најважниот влог за иднината на секоја држава

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамки на посетата на Обединетите Нации, имаше работен состанок со претставничката на Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (УНОДЦ), Делфине Шантц, со која разговараше за потребата од организиран и системски пристап во справувањето со корупцијата и организираниот криминал.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари на Шантц за поддршката што УНОДЦ и ја дава на Северна Македонија, како на експертско ниво, така и во делот на координираниот регионален пристап. Во таа насока, таа ја истакна соработката околу имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот.

Вицепремиерката Грковска посебно се осврна на активностите што нејзиниот кабинет ги презема, а кои се фокусирани на младите, и во поглед на јакнење на свеста за интегритетот како основна и клучна вредност, и во однос на антикорупциското образование, додавајќи дека овие политики се најважниот влог за иднината на државата.

Претставничката на УНОДЦ, Шантц ја поздрави посветеноста на македонската Влада на политиките на добро владеење и младинските политики, прашање на кое, како што рече таа, Обединетите Нации посветуваат особено внимание, имајќи предвид дека младите се оние кои ќе бидат идни лидери и идни носители на одлуки.

Во тој контекст, вицепремиерката Грковска информираше за кампањата „Зависи од мене и тебе“, што ја иницираше таа, чија цел е на младите да им укаже дека промените зависат од сите нас и дека сите треба да учествуваат и да придонесат за создавање на подобар, поефикасен и просперитетен систем.

Двете соговорнички разговараа и за активностите што нашата држава ги презема за справување со корупцијата во споротот, пришто претставничката Шантц истакна дека ова прашање е од исклучително значење и во светски размери.

Во рамките на одбележувањето 30 години од зачленувањето на нашата држава во Обединетите Нации, вицепремиерката Грковска денеска во седиштето на ООН во Њујорк ќе го модерира панелот на тема „Граѓанско општество и солидарност“, на кој ќе учествуваат Ивана Живковиќ, помошничка на генералниот секретар и директор за Европа на УНДП, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Вики Младенова, координатор на ЕРАЗМУС и Љубомир Фаизов, координатор во ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Спонзорирано: