24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Претседателот Пендаровски со лична донација за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола

Претседателот Стево Пендаровски денес донесе одлука да донира лични средства во износ од 32.000 денари за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола како гест на поддршка на активностите кои студиото ги реализира низ своите 55 години постоење и огромниот број активности низ цел свет со кои директно ја промовираат државата.

Акцент на донацијата на Претседателот Пендаровски е поддршка кон патувањето на тричлена делегација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на годишниот настан на УНЕСКО во Троа – Франција [ 30 мај – 03 јуни ] каде ученици на студиото освоија голем број признанија и награди.

Имено од учество на годишниот конкурс на кој со детски ликовни творби учествуваа над 75 држави, Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствен претставник на нашата земја, а освои 20 признанија и 13 награди од кои најголема е освоеното трето место во светот на ученичката Валерија Костовска во категоријата млади ликовни уметници 14 – 18 години.

Посебно признание УНЕСКО им додели и на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и Претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола претходно најави можност да не се патува во Троа – Франција, но целосно со донации извесно е дека сепак ќе земе учество на најголемата манифестација на УНЕСКО посветена на детското сликарство.

Дополнително, претседателот Пендаровски донираше 32 000 денари и на Здружението на информатичари на Македонија за постигнатите успеси на младите информатичари на меѓународно ниво во изминатиот период. Претседателот донираше вкупно 72 000 денари што е всушност износот кој го доби како зголемување на неговата плата пропишано со закон.