Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Трагична сообраќајка близу Скопје: Загина скопјанец по судир меѓу две возила

На 02.05.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес и регионалниот пат с.Јурумлери-с.Суводол се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Куманово и патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(50) од с.Јурумлери.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал Г.И., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК