11.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Слободните медиуми се основниот столб на демократијата

Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, на социјалните мрежи напиша: „Сите ние, како граѓани на оваа држава, носители на јавни функции, претставници на институции, носители на разни професии, должни сме да ја поддржиме и заштитиме слободата на медиумите и да се погрижиме новинарите да известуваат за вистината без цензура и страв од какви било реперкусии.

Слободните медиуми имаат особено значајна улога општеството да функционира одговорно и соодветно. За жал, слободата на медиумите е под закана во многу делови од светот, па така и кај нас дома. Новинарите често се цел на малтретирање, заплашување, па дури и насилство само затоа што си ја вршат својата работа.
Токму затоа, како општество, мораме да направиме сè што е можно за да ги заштитиме новинарите и слободата на медиумите. И денеска, на овој Светски ден на слободата на медиумите, а и секојдневно, да се потсетиме на каузата за слобода на медиумите.

Да застанеме на страната на новинарите и медиумите, кои се борат за вистината, и да се обврземе да го штитиме овој основен столб на демократијата“, порача Таравари.