Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Штама во ВМРО-ДПМНЕ, никако да кажат на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ се загуби во своите блокади и деструкции што ги прави во однос на изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д.

Откако бараа пратениците да го видат договорот за изградбата на коридорите, сега никако да кажат на која собраниска комисија ќе се разгледува договорот кој во одредени делови е класифициран.

ВМРО-ДПМНЕ дури и не дојде на координацијата во Собрание за да каже каде и кога ќе се разгледува Договорот.

Наместо да ја замајуват јавноста со невистини и спинови, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побрзо нека одлучат кога и на која комисија ќе се расправа за Договорот, со цел конечно да престанат сите шпекулации за најголемиот инфраструктурен проект од национален интерес.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата

C +

Шукова: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски за загубените животи

C +

Средба на директорот на Царина, Николовски, со генералниот директор на СЕЛЕК: Борбата со транснационалниот организиран криминал во фокус на соработката

C +