Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Косовски државјанин измамен во Карпош – Му понудиле три дијаманти за 500 евра, тој ги дал парите, а измамниците ги снемало

На 02.05.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје, Ш.К. од Косово пријавил дека на подрачјето на Карпош бил измамен од едно лице за сума од 500 евра.

Според пријавеното, лицето му се доближило и го прашало дали сака да купи три камења – дијаманти од негов пријател од Кувајт, кој бил со него.

Како што е пријавено, тој му ги дал парите, по што лицата заминале, а тој по кратко време сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

„Имав високопрофилни непријатели“ – Ристовска со силна порака по оставката

ДЕСК

Снег вее на овие патни правци – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Нема да ви се допадне прогнозата: Студено со врнежи низ целата земја!

ДЕСК