Во рок од 15 месеци на подрачјето на СВР Штип дванаесет граѓани пријавиле дека се измамени со подигање на брзи кредити, покажуваат статистичките податоци на Секторот за внатрешни работи.
Во текот на минатата и изминативе месеци оваа година на подрачјето на СВР Штип дванаесет лица пријавиле дека се измамени за подигање на брзи кредити.
СВР Штип до надлежното ОЈО во овој период има поднесено 5 кривични пријави и едно известување за сторени седум кривични дела поврзани со измами за добивање брзи кредити, од кои три кривични дела се расветлени, а за останатите се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измами, соопштија неодамна од СВР Штип.
Еден од последните случаи за измама за брз кредит е во Виница, каде што вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висинаа од 100.000денари.
Две третини од граѓаните сметаат дека е потребна посилна регулација на издавањето на брзи кредити
Во емисијата Детектор на Сител телевизија, Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи апелира граѓанните да внимаваат на условите под кои се земаат кредитите.
За брзите кредити Лончар, потенцираше дека надлежните треба да посветат повеќе внимание на начинот на кој тие се рекламираат пред граѓаните.
Инаку брзи кредити се издаваат во секој ќош низ Македонија, а премногу е лесно да подигнете и онлајн преку интернет.
Според анкетата на ИПИС објавена во Детектор, две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за тоа нема потреба.