22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ го почитува и вреднува трудот на работниците, велат од владејачката партија

Прес-конференција, Еелена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ:
Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Нека е честит Први мај – Меѓунардониот ден на трудот.

СДСМ го почитува и вреднува трудот на работникот, се грижи и ги унапредува работничките права.

Една од првите одлука веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари и тоа за сите сектори.

Со тоа ставиве крај на една дискриминирачка пракса, работничките од текстилната, кожарската и чевларската индустрија да добиваат пониска минимална плата.

Денес, минималната плата изнесува 20.175 денари и еднаква за сите сектори.

За над 36 отсто ги зголемивме платите во образованието и детската заштита, сериозно се зголемени платите во здравството, во полицијата и одбраната.

Невработеноста ја намаливме за осум отсто, а обезбедивме и младински додаток на плата од 3.000 денари за млади до 23 години, вработени во производство.

СДСМ преку договор со синдикатите, коморите и работодавците донесе законско решение со кое недела, за 95 отсто од работниците е ден за неделен одмор, а оние кои работат во дејностите кои се исклучок, добиваат значително повисоки дневници.

Почитувани,

Мотивиран, задоволен работник е гарант за економски раст и напредок, затоа ние како одговорна партија продолжуваме со мерки и политики кои ги унапредуваат работничките права и условите за работа.

Линк до видео: https://youtu.be/wsfGx1IUqIg