Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: Да ги унапредиме правата на работниците, да спречиме нивна експлоатација

Претседателот на државата, Стево Пендаровски со порака до граѓаните по повод 1 Мај – Денот на трудот.

„На 1 Мај – Денот на трудот, да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите оние кои придонесоа за поправеден однос кон работниците. Благодарни сме и на сите кои и денес се борат за обезбедување на пристојни услови за работа, соодветни плати и социјална сигурност, градејќи општество каде чесната работа, достоинствено ќе се цени и ќе бидат целосно заштитени работничките права“, вели Пендаровски.

Развојот и напредокот на Северна Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера, пишува Пендаровски, зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците.

Затоа, како што порачува, треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет.

Наша задача е, додава Пендаровски, да обезбедиме работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавачите, да ги отстраниме бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост.

„Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот“, истакнува во пораката шефот на државата.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК

Пукање во Струга: Испукани куршуми кон стан од возило во движење

ДЕСК

Инцидент во Аеродром: Жена приведена поради агресија кон полицијата

ДЕСК