6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Груби: Поради блокадата на законите во Собранието од ВМРО ДПМНЕ и Левица, државата ќе ја чинат над 150 милиони евра и две години изгубено време

Фејсбук статус на Артан Груби, прв вицепремиер:

ВМРО: Охридскиот договор со Албанците е штетен за државата, ќе го промениме.
ВМРО: Договорот од Преспа со Грција е штетен за државата, ќе го промениме
ВМРО: Договорот за добрососедство со Бугарија е штетен за државата, ќе го промениме
ВМРО: Договорот за коридорите 8 и 10-Д е штетен за државата, ќе го промениме.

Ништо не сменија во овие 33 години, не донесоа ниту еднс добра одлука за државата, напротив, фрлија 1 милијарда евра во луда антиквизација и стиропор за Скопје 2014, го донесоа Субрата Рој, 1 милион пати не прислушуваа, не апсеа, не обвинуваа и судеа самите, ни ја донесоа констатацијата заробена држава, ни ги уништија односите со 🇺🇸 и 🇪🇺, 11 ​​години не држеа далеку од НАТО и ни ги донесоа 🇨🇳 и 🇷🇺.

Тие знаат, нир знаеме, вие знаете, дека ниту сакаат, ниту можат, ниту ќе се обидат да променат нешто, туку сакаат само власт!

Разликата е: стиропор или автопат, 🇺🇸и🇪🇺 или 🇨🇳и🇷🇺!

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Опозицијата, ВМРО и Левица со блокадата на законите во Собранието ќе ја чинат државата над 150 милиони евра и две години изгубено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите.

ПОБАРАЈТЕ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ да одлучат автопатите да да се градат побрзо и поевтино, а не побавно и поскапо.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК