Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИвест

Над 70 проценти работна сила ќе биде ангажирана за „Бехтел и Енка“, прогнозира Груби

Според посебниот закон и договорот, конзорциумот „Бехтел Енка“ е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, напиша на фејсбук првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто.
Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70%“, пишува Груби.

Појаснува дека строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони.

„Уште еднаш да потсетам: Опозицијата, ВМРО и Левица, со блокадата на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите.

Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците“, прецизира во напишаното Груби.

Можеби ќе ве интересира

Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG 

C +

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

C +

УЈП испрати речиси 863.000 даночни пријави: Граѓаните имаат рок до 31 мај да ги проверат

C +