Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите ја објавија деталната прогноза – Какво ќе биде времето за првомајскиот викенд?

Во следните денови времето ќе биде потопло, а во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 30.04.2023
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Попладне ќе има локално зголемување на облачноста, проследено со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Прогноза за 01.05.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Умерено облачно, попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 02.05.2023
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Претежно облачно, попладне во западните делови ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +