Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ШУКОВА: Воспоставуваме подобра координација и поинтензивно вклучување на колективните постапувачи со отпад во функционирањето на системот за управување со отпад

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставниците на сите шест регистрирани колективни постапувачи со отпад во нашата држава, денес одржаа консултативен состанок за усогласување и подобра координација на заедничките активности во управувањето со отпадот. Министерката Шукова ги информираше присутните за интензивирање на активностите за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад, за потребата од поинтензивно дополнително вклучување на колективните постапувачи во обезбедување на потребната опрема- возила, контејнери и други садови за селекција на отпад, но и во развивањето на позитивните навики кај граѓаните за правилно постапување со отпадот како важен предуслов за успешно функционирање на системот.

Претставниците на колективните постапувачи со отпад ги претставија своите годишни програми и информираа за проблемите со кои се соочуваат и во однос на имлементација на законската регулатива и во зависност од степенот на развиеност на локалните средини.
На средбата се разговараше и за потребата од координација и со другите актери што се важна карика во воспоставување на одржливиот систем за управување со отпад. Договорена е повторна средба кон крајот на месец мај, на која ќе бидат поканети и претставници на ЗЕЛС, АДКОМ и Државниот инспекторат за животна средина.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК