Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски од Собрание до ВМРО-ДПМНЕ: Ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а со вашиот лидер ургирате да се заштитат парцелите во Делчево

На денешната 113 Седница на Собранието на Република Северна Македонија која беше резервирана за пратенички прашања, одговарајќи на прашање од пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја потсети јавноста за случувањата од 27 април 2017 година.

„Многу е интересно што човек како вас во 2017 година упадна во Собранието и беше подготвен со таа група да убива пратеници, денеска има храброст да стане и кажува за чесност, доверба, одговорност. Треба да се потсетите на 2017 година и да кажете фала богу што не бевте дел од истрагите или што се сокривте и што бевте дел од луѓето кои наместо да излезете и кажете ние ве подготвивме да убивате во Собрание, вие ги ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а ургирате со вашиот лидер да се заштитат оние за парцелите во Делчево. Кога зборувате за крминал треба да имате доблест и да кажете дека сега излегувате и зборувате за крминал, а 2017 бевте дел од луѓето кои влеговте во Собрание, рушевте уставен поредок и сакавте да убивате пратеници”, заврши Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не презема мерки за цените на горивата

C +

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК