Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сметките на „Жан Митрев” остануваат блокирани, одлучи Апелација и му ја одби жалбата

Апелациониот суд во Скопје донесе одлука да одбие жалбата на Жан Митрев, што значи дека сметките на ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје остануваат блокирани.

Оваа одлука е донесена во врска со кривичниот предмет КЖ-208/23 и по препорака на Основниот кривичен суд Скопје, кој определи привремени мерки за обезбедување имотно-правно побарување на Обвинителството.

Согласно одлуката на Апелациониот суд, привремените мерки вклучуваат забрана за оптоварување и располагање со недвижноста, како и забраната за исплата на износите наведени во изреката на обжаленото решение од сметките на ПЗУ Клиничка болница Ж. М. од Скопје.

Донесената одлука ќе биде објавена на веб-страницата на судот во целост.

Обвинителството во јануари поднесе обвинение против Жан Митрев и неговата приватна клиника, а судот го прифати.

Вкупно 283 пациенти се пријавиле како оштетени, а за кривичното дело кое му се става на товар на Митрев, предвидена е казна затвор од 1 до 10 години.

Третманот на ковид-пациенти во клиниката Жан Митрев ја бранува јавноста уште од јули минатата година, откако на оваа тема ИРЛ го објави документарецот„Нечиста крв“, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Истражувачката репортерска лабораторија во документарниот филм објави дека дошла до неколку сознанија меѓу кои клучното е дека хемофилтрацијата, за која во Жан Митрев наплаќале по илјадници евра, е клиничка студија која мора да биде пријавена и одобрена од Агенцијата за лекови – нешто што според новинарскиот тим, не било направено.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец фатен со куп фалсификувани лични документи, биометриска страна за пасош, печати…

ДЕСК

Напад врз полиција пред дискотека во Градски парк – полицијата уапси нигериец, кај него пронајден и пиштол без дозвола

ДЕСК

Во најголемите гужви грабеж во срцето на Скопје – Арамија ограбил аптека, на вработената ѝ извадил остар предмет

ДЕСК