10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи:Бугарија мора да покаже чесни намери a ЕУ кредибилитет

ЕУ мора да вбризга кредибилитет на процесот, за интегрирање на заедниците како и продолжување на евроинтегративниот процес на нашата земја. Министерот Османи
во Брисел истакна дека луѓето не веруваат дека во Бугарија има искрени намери туку дека индиректно се обидува да се негира македонскиот народ.

„Мора тоа јавно да им се каже на луѓето за да се расчистат тие дилеми. Дека овој процес е кредибилен дека ќе има членство, дека до членството граѓаните ќе ги почувствуваат бенефитите од ЕУ, од финансиската поддршка, која досега изнесува 1,3 милијарди евра. Во една таква атмосфера во која кредибилитетот ќе биде јасно потврден, чесните намери на Бугарија ќе бидат јасно комуницирани, во кои ова прашање нема да се злоупотребува во дневнополитичките агенди на политичките партии и во РСМ“-истакна Османи.

Министерот истакна дека дебатата за уставните измени ќе биде јавна, за да може секој граѓанин да разбере дека овој процес е важен и за интегрирањето на заедниците, меѓутоа и за продолжување на патот кон ЕУ

„Но тоа нема да можеме да го направиме сами, за тоа ќе ни треба поддршка од вас, во смисла на вбризгување кредибилитет во процесот-рече шефот на дипломатијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +