Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 213 возачи во Скопје, 157 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Апсења во врска со милионскиот грабеж на златарницата во Гостивар

ДЕСК

„Влен“: Партијата Левица е „сламката за спас“ на Ахмети, Села и Таравари

C +

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

C +