Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето значително се менува – Синоптичарите ја објавија четиридневната прогноза

Утре ќе преовладува посончево време, попладне само на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Потоа до среда ќе биде променливо облачно, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер. Од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени.

Прогноза за 24.04.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 25.04.2023
Минимална температура: 6°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 26.04.2023
Миимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ: Синоптичарите со нови најави за почетокот на следната седмица

ДЕСК