Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Мицкоски е слуга на Груевски и криминалната ВМРО ДПМНЕ, злосторничко здружение, синоним за корупција

Сопштение на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски е слуга на криминалецот во бегство, Никола Груевски и на криминалната ВМРО ДПМНЕ.

Партија со криминално стекнат имот, криминален Бел дворец стекнат на грбот на граѓаните, партија која е злосторничко здружение со тапија.

Бројни судски предмети го потврдуваат криминалот на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски и денес е опркужен со криминалци, негови соработници се вмешани во мега криминални случаи за кои траат судски процеси. Случајот Делчевски ниви исто така води со Белиот дворец и луѓето на Мицкоски.

Тоа го гледаме и по општините водени од ВМРО ДПМНЕ и градоначалници кои се обвинуваат меѓу себе а го обвинуваат и Мицкоски за тендери и рацете во медот.

Денес за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ секој одговара за стореното.

Мицкоски, слугата на криминалот и заложник на Апасиев и Левица освен за лажни вести, друго не знае.

За криминалците од ВМРО-ДПМНЕ следува одговорност согласно законите, тоа треба да му е јасно на Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК