2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Заедно со ЕУ инвестираме во зелена иднина

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

Заедно со ЕУ инвестираме во зелена иднина.
🌎 И оваа година Меѓународниот ден на планетата Земја нѐ потсетува на важноста за одржување здрава планета и предупредува за опасностите кои го загрозуваат животот на Земјата и за нарушување на рамнотежата на природата.
♻️ Одговорно сме поставени во решавањето на глобалните еколошки предизвици и создавањето одржлива иднина, преку ревизија на законодавството за обновливи и енергетска ефикасност и климатски промени кои се пресликани и во Зелената агенда за Западен Балкан.
Програмата за животна средина и климатски акции која во моментов се спроведува е во износ од над 1️⃣6️⃣7️⃣ милиони евра, вклучува мерки како поддршка на законодавната агенда на земјата во под-областите на животната средина и во инвестициски проекти.
🇲🇰🇪🇺 Реформите особено во оваа област ќе бараат многу финансиски средства. Затоа искористувањето на европските фондови ќе биде важна поддршка за реформите.
Во рамките на ИПА 2022 се испланирани 63 милиони евра за изградба на пречистителни станици во Велес и Штип, како и приклучување на канализацијата на Виница и реновирање на дренажниот систем во Виница.
Преку ИПА 3 планирани се проекти во износ од 66 милиони евра за грантови за мали и средни претпријатија кои инвестираат во делот на циркуларната економија преку ФИТР, како и за подготовка на регионалниот центар за управување со отпад во Скопскиот регион.
Да не забораваме дека и ние сме дел од природата и дека тоа што го вложуваме тоа ни го враќа назад. Да се грижиме за земјата за да може таа да се грижи за нас.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +