2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДСМ: Признание на Муцунски за случајот Парцели во Лисиче, на потег е Антикорупциска

„Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски вчера призна дека всушност станува збор за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче, иако пред неколку дена тврдеше дека ќе бидат само куќи.

Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ги излажаа граѓаните на Аеродром, наместо повеќе зеленило и нови јавни површини како што ветуваа во кампањата, тие денес нудат бетонизација на постоечките зелени површини.

Оправдувањата дека процесот е започнат во 2019 година воопшто не држат, денеска сме 2023 година, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ го имаат мнозинството во Советот и прашањето што прави актуелната локална власт?

Очигледно ништо, освен бетонизација и задолжување на општината преку општинска обврзница.

По сите сомневања, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај“.

Соопштение на СДСМ

Можеби ќе ве интересира

Утре, посебен режим на сообраќај во Скопје

C +

Андоновски и Јанчев го означија почетокот на работата на новиот Центар за услуги во Кавадарци

ДЕСК

Герасимовски: Паркот на новинарите го вративме на жителите, целосно уреден, искосен и без отпад

ДЕСК