Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Честитка од министерот Спасовски по повод празникот Воскресение Христово – Велигден

Честитка од министерот за внатрени работи Оливер Спасовски по повод празникот Воскресение Христово – Велигден

Почитувани православни христијани,

Дозволете во мое и во име на МВР да ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден!

Денеска е ден на радоста, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе!“.

Овој ден ја испраќа пораката на мирот, на љубовта, на простувањето. Бидејќи Христос од Крстот им прости на сите што злодела направија и создаде нов свет.
Да се биде христијанин значи да се биде воден од љубовта. Со Божјо милосрдие да ја замениме сопствената немоќ со Христовата сила.
А, токму таа сила се гледа во Воскресението Христово – како порака на неисцрпна љубов. Оти, Христос е Љубов.
Нека и овој пат Христовиот триумф – љубовта – биде неизбришливо втисната во нашите срца.

Од сето свое срце, посакувам мир, здравје, хармонија во секој дом. Нека Божјата благодат и радоста што создава нов свет не’ следат на секој чекор.
Христос Воскресна!

Можеби ќе ве интересира

Таблетарната онколошка терапија од 4 август ќе може да се подигнува директно во аптеките

C +

Измени на Законот за полиција, кој ќе биде подобен ќе може да стане началник и веднаш откако ќе се вработи во полиција

C +

Со зголемување на старосната граница за вработување, Тошковски сака да го врати МВРО-ВМРО, алармира СДСМ

C +