Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во поеќе кафичи, ноќни клубови, обложувалници, сместувачки капацитети – Се бараа странски државјани без регулиран престој

Во текот на изминатата вечер (15.04.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола за контрола на странски државјани кои немаат регулиран престој или извршуваат работни задачи без соодветна дозвола или го злоупотребуваат престојот на територијата на цела држава.

При контролата, со која беа опфатени 146 угостителски објекти, седум обложувалници и казина, како и три сместувачки капацитети, приведен е еден странски државјанин поради не поседување на документи за лична идентификација, а констатирано е и едно кривично дело за точење алкохол на малолетни лица по член 204 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК