14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи ја отфрли можноста Бугарите да бидат впишани во Уставот како „македонски Бугари“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја отфрли можноста Бугарите да бидат впишани во Уставот како „македонски Бугари“.

Бугарите во македонскиот Устав, вели Османи, можат да бидат впишани единствено како дел од бугарскиот народ и никако поинаку.

Рече дека уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот протокал.

„Таму пишува: Таму каде што се споменати останатите етнички заедници, по запирката пред ‘други’, треба да се додадваат и заедниците кои ќе бидат додадени“, вели Османи прецизирајќи дека Бугарите во Уставот можат да бидат впишани само како дел од бугарскиот народ.

Министерот повика да не се пропушти шансата, како што се случи пред 20 години со Грција, а во меѓувреме изгубивме цели генерации.Според него, ако го пропуштиме овој момент, можно е да мораме да ги направиме истите уставни измени по 10 или 15 години.

За замената на терминот „20 проценти“ со терминот „Албанци“, како што бараат опозициските албански партии, Османи рече дека мора внимателно да се процени дали е момент за тоа.

„Јас со две раце давам поддршка, но доколку гледаме дека ова може да се злоупотреби, тогаш треба да бидеме внимателни како ќе го претставиме интересот на нашата заедница“, изјави Османи.

Спонзорирано: